Нашата главна цел е да ја прошириме свеста за еколошки начин на живот и да ја ослободиме Македонија од ѓубре. Нашата приказна започна во 2020 кога… чекај, сакаш долга или скратена верзија?
За Почиста Македонија е еколошко движење со седиште во Скопје. Започна како една идеја да се мотивираат сите планинари и луѓе кои поминуваат време во природа да се грижат за неа и да не фрлаат ѓубре. После неколку чистки на планините и излетнички места решивме да се фокусираме и на градовите, бидејќи еко свеста се гради во нашето место на живеење.
Сликите и видеата од акциите ги инспирираа и другите да дејствуваат – како што и се надевавме. Мотивирани од успехот, нашиот тим од Гринфлуенсери почна да се проширува и да размислува на поголем план. Покрај кревање на свеста кај луѓето за почиста средина и поеколошки животен стил, нашата цел е истотака да создадеме една организација која ќе ги обедини сите досегашни организации кои се справуваат со проблеми поврзани со загадување, рециклирање и третирање на отпад во Македонија. Сакаме да понудиме место каде било кој би можел лесно да дојде до информации за еко-движења, организациите и нивните активности, за секој да може да одлучи како сака да се активираа.
Благодарение на проектот „European youth at the frontlines of active citizenship“, финансиран од ЕУ и организиран од страна на „Волонтерски Центар Скопје“, основачот на За Почиста Македонија доби можност да го започне движењето. Така започна, но приказната не завршува овде.
Беше сончев ден во планините кога Петар забележа дека природата и другарчињата не беа единствените работи со кои беше опкружен. Помеѓу високите дрјва и врвовите кои се протегаа до небото, не можеше, а да не забалежи нешто што не се вклопуваше во замислата за вообичаени глетки при прошетка во природа – безброј купишта од стари, валкани шишиња од вода и пиво, амбалажни ѓубриња од храна, пикавци… Како може природата, нешто заедничко за сите нас, да изгледа вака?
Несебично, оваа група од млади планинари ги извади своите ќеси и почна да ги полни со сè што не припаѓаше на планините. И така од тој момент, па натаму, секое планинарење или излет во природа доби поголемо значење, со желба да се направат местата поубави за секого и да се постави пример за сограѓаните преку споделување на „сториња“ од чистките на социјалните медиуми.
По некоја случајност (или не), месеци подоцна Петар наиде на повик за иницијатива објавен од „Волонтерски Центар Скопје“: „Дали имаш идеја која ќе го направи светот малку подобар?“. Епа… имаше. Така Петар се вклучи во проектот наречен „European youth at the frontlines of active citizenship“, финансиран од Erasmus+ програмата на Европска Унија. Благодарение на проектот тој доби можност да го создаде движењето „За Почиста Македонија“, да собере млади луѓе во Скопје и да организира разни чистачки акции низ места во природа. Идејата беше да се промовира здрав начин на живот со поминување време во природа и од таму се прошири во еколошко движење фокусирано и на градовите.
Не сакајќи да живеат на место каде улиците и природата се полни со ѓубре, млади активисти почнаа да шират муабети за движењето. Ја почувствувавме огромната поддршка преку Инстаграмот на За Почиста Македонија уште од самиот старт и, малку по малку, почнавме да се здобиваме со повеќе следбеници. Многу луѓе се приклучија на #ЗаПочистаМакедонија кампањата која имаше за цел да ги мотивира луѓето да го собираат ѓубрето кое го среќаваат и да ги споделуваат резултатите на социјалните медиуми со „пред и потоа“ слики. Но, отскочна даска ни беше нашата прва голема чистка на Водно со која се појавивме на радарот на медиумите. Телевизиите и новинарите ги забележаа нашите активности и наеднаш, почнавме да добиваме покани за интервјуа и утрински програми. После ова и уште неколку други големи чистки (Козјак, Марков Манастир) почна да не бие добар глас и пошироко во земјата – бевме мотивирани повеќе од било кога да допреме до луѓето и да продолжиме со нашата работа.
Но, За Почиста Македонија не се рашири само меѓу Македонците… Не многу подоцна, допревме и до група од странски волонтери кои живеат во Македонија кои истотака не можеа да го поднесат убрето на улиците и во природата. Со безброј идеи за ширење на движењето и за градење на одржлив еколошки ентитет во Македонија, тимот на ЗПМ стана поголем и поинтернационален.
До далеку стигнавме од тогаш. Сè уште си се придржуваме кон нашите сакани чистки кои служат за пример, а во меѓувреме го растеме движењето и ги инспирираме младите луѓе низ целата земја да се активираат. Нашата главна цел е кревање на свеста на граѓаните и создавање на мрежа која ќе ги обедини сите досегашни организации кои се справуваат со проблеми поврзани со загадување, рециклирање и третирање на отпад во Македонија. Сакаме да понудиме место каде било кој би можел лесно да дојде до информации за еко-движења, организациите и нивните активности, за да можете да одлучите како сакате да се активирате. Нашата група од Гринфлуенсери постојано расте со силни карактери кои сакаат промена. Постојано работиме на тоа како да растеме и да го подобруваме движењето – следува уште повеќе акција!
Нашиот тим: Гринфлуенсери
Петар (или Зелен Петар, да живее лидерот) е љубител на планини и ентузијаст за природа. Планинарење, зимски спортови, возење точаци... што и да сакаш, он е таму - само можеби ќе треба да го почекаш малце.
„Грижата за природата е подеднакво важна како и грижата за себеси - огледало на нашето секојдневно живеење. Тоа е мотото за кое се залага За почиста Македонија!“
Можеби би се запрашале што прави Финкинка во Македонија? Епа, едноставно се вљуби во земјата додека волонтираше во Волонтерски Центар Скопје пред скоро три години.
„Сакам да останам овде за да придонесам кон општество полно со убавина, а со За Почиста имаме голем потенцијал да ги постигнеме нашите цели.“
Марко во себе носи долготрајна љубов према планинарење и истражување природа која е главната работа која го мотивира да се активира кон кревање на свеста за средината и да ги инспирира другите да се придружат кон движењето.
„Девојко, дали си ѓубре? Пошо сакам да те соберам!“
Балканска будала од Полска, Евелина се чувствува како дома во Македонија. Волонтирањето во Волонтерски Центар Скопје и овозможи да ужива во земјата.
“Запознавајќи ги За Почиста Македонија ми даде цел. Никогаш немаше да помислам дека чистење на срањето од други луѓе би било волку забавно.”
“Никогаш не се сомневај дека мала група на активни и посветени граѓани може да го смени светот; Напротив, промената секогаш доаѓала од таму.”
- Margaret Mead, American cultural anthropologist

Моника Климоска

Ѓорѓи Цветковски

Софија Пејчова

Влатко Владевски

Сара Соколовска
Што сакаме да постигнеме?
Едноставно е; количината на ѓубре што можеме да ја видиме на улиците низ градовите, ѓубрето оставено на пешачките патеки и парковите во природа создава потреба целата заедница да преземе нешто. Ние сакаме да создадеме општество во кое секој е свесен за своите постапки, се стреми да биде пријателски наклонет кон природата, не ги игнорира проблемите што влијаат на сите нас и секогаш е желен да помогне во решавањето на социјалните проблеми.
Еден од тие проблеми е загадувањето на зелените површини во и надвор од градовите – што можеби изгледа како помал проблем, но има длабоки негативни влијанија врз здравјето (прочитај повеќе тука). Нашата идна визија за Македонија е место каде што граѓаните работат како заедница за да обезбедат здрав дом за сите нас. Ние сакаме да прошетаме по планините без да ја видиме природата покриена со пластични шишиња и да видиме дека секој служи за пример со својот начин на живот. Промената започнува со мали активности. Прочитајте овде како можете да придонесете (врска до советите).

Како го правиме тоа?
Секој може да земе удел во создавањето на зелена/чиста иднина. Го забележуваме копнежот за промена кај младите генерации и затоа ние нудиме платформа – заедница – која ќе ја помогне да се достигне таа цел.
Еко-Акции
Ние дејствуваме преку организирање на еко-акции во Македонија. Наша, а и сечија одговорност е да чистиме секаде каде што има ѓубре и да не дозволуваме повторно фрлање на истото. Исто така нудиме информации и насоки за како можете да се вклучите во акциите и да организирате и ваша.
Совети
Социјалните медиуми се моќна алатка во денешницата, која ни нуди одлична можност нашата порака да стигне до пошироката јавност. Нашиот тим создава содржини кои имаат за цел да ги насочат луѓето кон поеколошки начин на живот, почнувајки од штедење на електрична енергија, намалување на пластичниот отпад и рециклирање на сè што е во можност да се рециклира.