Blaa blaa

26 волонтери собраа 38 вреќи ѓубре вчера околу паркингот „Холидеј ин“, каде што бевме шокирани кога видовме таквa негрижа од градот Скопје и општина Центар кон просторот преполн со ѓубре. Ни приоѓаа луѓе што минуваа и оние што живееја во таа област беа задоволни кога видоа дека некој презема акција на таква јавна област.

Нашиот тим беше зајакнат со локални и меѓународни волонтери од Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje, Go Green – Биди Зелен и повеќе поединци без кои ништо од ова не би било можно. Имаме за цел да ја подигнеме свеста кај локалното население и благодарение на сите посветени волонтери се приближуваме до нашите цели при секое чистење.

Преку нашиот прв поголем проект, TrashTour, ја продолжуваме нашата мисија да покажеме пример меѓу граѓаните во Македонија. За една недела од сега, ги стартуваме моторите и започнуваме 6 -дневна турнеја за чистење низ целата земја. Ве повикуваме сите вас, поединци, организации и секаков вид на движења да се соберете и да помогнете! Во моментов, ни требаат локални жители од 6 градови за да ни предложат места каде што можеме да организираме еко-акции.

Распоред на TrashTour:
24,8 Кичево
25,8 Охрид
26,8 Прилеп
27,8 Кавадарци
28,8 Струмица
29,8 Штип

Можете да не контактирате на нашите социјални медиуми @zapochistamakedonija или преку е-пошта: [email protected]

Повеќе информации на: https://zapocistamakedonija.mk/trashtour/
Не барај човек за пример, биди примерот!