Дали во вашиот град има маало или место во природа загадено со ѓубре? Таму сме!

Да, тоа е тоа што мислите… одиме на Еко Турнеја низ државата! Пазете се следниот пат кога ќе фрлите ѓубре некаде - секаде сме сега. Нема кај да се криете. За да ја оствариме нашата цел за почиста Македонија одлучивме да ги прошириме нашите чистки на национално ниво. Сепак не можеме да очекуваме голема промена со делување само во главниот град. Но каде и кога поточно?

TrashTour!

Бидејќи нашата мисија не е само да го исчистиме Скопје, ќе одржиме неколку чистки низ Македонија. На пат ќе бидеме со нашиот тим од Гринфлуенсери, преспивајќи ги ноќите во природа бидејќи обожаваме кампување и најважно од се - ќе чистиме.

27.8
Кавараци

Брушански залив
17:00

28.8
Струмица

Маркет „Црвена Ружа“, Карпош
17:30

28.8
Штип

Мирјанина Црква
17:30

4 чистки во Скопје!

11.07 | 25.7 | 15.8

Ах недела, денот кога си поминуваш време во парк или некаде во природа со другари… зошто да не собереш и по некое ѓубре по пат? Приклучи ни се на настаните и донеси ја твојата екипа! Локациите ќе бидат најавени некое време пред самите датуми. Ние ќе обезбедиме ќеси, ракавици и маски за сите учесници.

Биди наш партнер

Потребни ни сте сите за оваа авантура! Како да придонесете?

Индивидуалци

Раширете го муабетот, соберете ги другарите и приклучете се на нашите акции. Можеби знаете некое загадено место во Скопје или на нашите TrashTour локации што сакате да го видите исчистено? Пријавете го кај нас!

Организации/компании/службени лица:

Никогаш не ни фалат партнери за нашата кауза. Дали би сакале да соработувате со нас во интерес на зелени цели и да ги искажете вредностите на вашиот бизнис? Ве каниме да земете учество во насаните:

Пратете учесници! Секогаш е добредојден уште еден пар раце на чистките
Спонзорирајте не! Организирањето чистки вклучува многу ситници со кои можете да придонесете како: ќеси за ѓубре, ракавици, шишиња вода, оброци… и секако, ќе го промовираме вашиот бизнис

Контактирајте нè на социјални медиуми или e-mail за соработка: [email protected]

Проектот е раководен и имплементиран од тимот на „За Почиста Македонија“ со поддршка од „Волонтерски Центар Скопје“ (ВЦС) и финансиран од „Фондација за Отворено Општество Македонија (ФООМ).