Лесно е да се зборува, но како всушност луѓето да живеат еколошки живот во светов во кој живееме?

Како сами да организирате еко-акција?

Никој не сака да гледа ѓубре расфрлено насекаде. Но кој ќе направи нешто во врска со тоа? Останува на сите нас да преземеме мерки и да дејствуваме и работиме кон градење на иднината што ја сакаме. Почни локално, прошири ја идејата и биди свесен за своето опкружување.

Најди место

Пронајди област загадена со ѓубре некаде во вашиот град / околина

Собери луѓе

Разговaрај со неколку од твоите пријатели кои се заинтересирани да помогнат

Купи материјали

Соберете пари за вреќи (120L & 150L), ракавици (по можност да се ракавици за повеќекратна употреба) и средство за дезинфекција

Рекламирај

Направете настан на Фејсбук и промовирајте го и на другите социјални мрежи за да допрете до повеќе луѓе. Тагнете ја За Почиста Македонија и ние ќе го споделиме вашиот настан!

Логистика

Организирајте транспорт за да ги фрлите собраните кеси со ѓубре во контејнер. Или однесете ги пешки ако е блиску. Рециклирајте доколку е можно (пластични шишиња во посебни ќеси, стаклени во посебни.)

Чисти!

Понесете си музика и позитивни мисли со вас и забавувајте се!

“Не можеш да пројдеш ниту еден ден без да имаш влијание на светот околу тебе. Тоа што го правиш прави разлика и ти треба да одлучиш каква разлика сакаш да направиш.”

- Џејн Гудол, англиски приматолог

Совети за еко-живот

Користи платнена торба

Купи си една или две платнени троби за пазарење за да не ти се собираат огромни количини на ќеси кои ти стојат во фиока и завршуваат во ѓубре после една употреба.

Намали користење на пластика

Користи ги истите пластични ќеси за зеленчукот на пазар и купи си термос за вода. Избегнувај да купуваш производи непотребно завиткани во пластика (пр. овошје и зеленчук во пластика)

Купи тврд сапун!

Парче тврд сапун во кутија трае подолго од течниот сапун и е поеколошки за средината.

Кратки туширања

Сопри ја водата кога ја насапунуваш косата и заштеди вода - бојлерот троши електрична енергија за да ти ја загрее водата.

Купувај половно

Кога и да си во можност, купи половни продукти и облека. Две муви со еден удар: добро за природата и плус уникатна облека! Одржувај го кругот во живот со донирање или продавање на предметите од кои ти веќе немаш корист, но можат да си најдат нов дом.

Рециклирај

Намали, употреби повторно, рециклирај… последното можеби е тешко понекогаш - прочиотај тука како да рециклираш во Македонија.

Користи канта за отпадоци

Најпростиот чин од сите - фрлај го ѓубрето во канта. Дури и најмалите нешта, како пикавци, лесно се натрупуваат кога сите ги фрламе на земја.

Поправи што може да се поправи.

Мала дупка на чорапот? Сошиј ја. Искината жица? Поправи ја. Престани да купуваш - почни да поправаш!

Без остатоци од храна

Купи само онолку колку што планираш да конзумираш - нема потреба секогаш да го полниш фрижидерот до максимум. Научи да правиш компост и не фрлај остатоци од храна во обичната канта за отпадоци.

Намали го месото во исхраната

Не мора да се откажеме од работите во кои уживаме, но можеме барем да јадеме помалку месо. Чекор по чекор - замени го пилешкото со грав или јади печурки наместо месо.

Вози точак или пешачи

Или планинари, или трчај… Ем вежбаш, ем фаќаш сонце и намалуваш испуштање на CO2 гасови!

Дискутирај! Зборувај!

Шири го муабетот, покажи им на пријателите како и тие можат да носат еко-свесни одлуки.

Едуцирај се

Артикли, книги, подкасти, документарци - што и да ти прилега највеќе. Има безброј извори на одлични информации, истражувај.

Гаси светло

Не троши електрична енергија џабе. На никој не му треба уклучено светло во празна соба.

Што всушност можеш да рециклираш во Македонија?

Стакло

Зелени контејнери за стакло можат да се најдат низ градовите, каде што можеш да го фрлиш твоето стакло. Не заборавај да ги извадиш металните капачиња претходно.

Пластика

Пакомак собира пластика за рециклирање. Контејнери се поставени низ градовите, препознатливи по жолтата боја.

Картон и хартија

Отпад од картон и хартија се фрла во сините контејнери низ градовите, кои се истотака поставени од Пакомак.

Стара електроника

Елколект собира стар електронски отпад. Контактирај ги за да дознаеш каде можеш да го фрлиш твојот.