Вчера со зајдисонцето испративме 25 црни ќеси ѓубре во контејнери. После 2 часа чистење околу 19 волонтери со дружба и музика придонесоа за почисти шеталишта во околината на мостот „Мајка Тереза“, а кејовите од двете страни на Вардар сега можат да се видат во правото руво, без украси од пластични шишиња, амбалажи и чаши од кафе.

Заедничка одговорност на сите нас е да остане така. Доколку на овие места здогледате ново ѓубре, не го игнорирајте и помогнете му да стигне до канта. Само со активност и делување можеме да постигнеме промена. Се гледаме на следната чистка. За почиста Македонија.