Со гордост ви најавуваме турнеја во 6 градови во Македонија! Нема да свириме, ќе чистиме. 😎

Преку глава ви е од гледање ѓубре во градовите, пластика во природата? Спремајте се за чистење, TrashTour доаѓа во вашиот град! Сакаш да бидеш дел од авантурата? Дојди на акцијата во твојот град со друштво, придружи ни се со твојата организација/фирма, спонзорирај не со оброк од твојот ресторан… секој кој сака да придонесе на било каков начин е добредојден.

КОГА/КАДЕ?

24.08 Кичево
25.08 Охрид
26.08 Прилеп
27.08 Кавадарци
28.08 Струмица
29.08 Штип

Го гледаш твојот град? Предложи ни локација која би сакал да ја видиш чиста и придружи ни се на датумот да ја трансформираме заедно! Ние носиме опрема за чистење и TrashTour маици, а вие понесете позитивна енергија и желба за промена!

За прв пат, движењето се шири и подалеку од Скопје. Бидете и вие дел и покажете ја вашата желба за почиста Македонија! Доаѓаме. Не барајте човек за пример, бидете примерот!