Викендов бевме на Љуботен, преубав врв со прекрасен поглед кој вреди да се посети!
Нажалост посведочивме немил настан каде група „планинари“ по напуштањето на врвот го оставија својот отпад на врвот и по нашата реакција да си го соберат рекоа дека не е нивни и си заминаа..
Покрај нашиот отпад го собравме и нивниот и го симнавме доле до Старо село. По патот надоле имаше отпад рафрлан насекаде па во селото се спуштивме со четири преполни кеси. Им благодариме на планинарите Ѓорѓи и Мац кои ни се приклучија во нашата чистка по патот.
Не барајте човек за пример, бидете еден!