За Почиста Македонија
Не барај човек за пример, биди примерот!
Дом на Гринфлуенсери,
соба полна со активни граѓани.
Вистинско место за еко-активизам!
Подари малку од себе!
Да волонтираш со нас не само што ти нуди забавен ден со кул луѓе, но исто така ти овозможува да станеш активен граѓанин во општеството
Чисто за сите
Со организирање на сопствена еко-акција во Македонија, можеш да допринесеш нашиот дом да стане подобро место за секого!
Ѓубре? Не, фала!
Гледаме ѓубре и правиме да исчезне, истовремено мотивирајќи ги и другите да го направат истото. Ако не ние, кој?
Сакам да се придружам!Грижата за природата е подеднакво важна како и грижата за себеси - огледало на нашето секојдневно живеење. Тоа е мотото за кое се залага За почиста Македонија!
Петар Стевановиќ
Нешто што можеш да правиш секој ден...
Вози точак или пешачи
Или планинари, или трчај… Ем вежбаш, ем фаќаш сонце и намалуваш испуштање на CO2 гасови!
Користи канта за отпадоци
Најпростиот чин од сите - фрлај го ѓубрето во канта. Дури и најмалите нешта, како пикавци, лесно се натрупуваат кога сите ги фрламе на земја.
Користи платнена торба
Купи си една или две платнени троби за пазарење за да не ти се собираат огромни количини на ќеси кои ти стојат во фиока и завршуваат во ѓубре после една употреба.
Намали користење на пластика
Користи ги истите пластични ќеси за зеленчукот на пазар и купи си термос за вода. Избегнувај да купуваш производи непотребно завиткани во пластика (пр. овошје и зеленчук во пластика)