Секое место во градовите и во природата е важно, затоа минатата Недела се собравме со нашиот тим да ја исчистиме околината позади Адора Флатирон и пешачката патека поред пругата.

Музика, сонце, гринфлуенсери и забава! Покрај големи парчиња стиропор, стакло и друг градежен шут собравме и 20 црни ќеси ѓубре од околината.

Освен сонцето, голема мотивација ни беа и луѓето што се шетаа по патеката и не поздравуваа со палци и покажуваа интерес за нашата акција. Две дечиња од маалото дури нѐ наградија со домашни мафини. 😍

Кревање свест меѓу нашите сограѓани е еднакво важно колку и самите чистки, затоа се надеваме дека поставивме добар пример за луѓето кои си го уживаа денот по патеката.

Имате некоја друга загадена локација на ум? Пријавете ја кај нас и ќе ја исчистиме заедно!