Иако овој кањон е помалку популарен, сепак и малкуте посетители оставиле отпад зад нив. На враќање од посетата собравме многу пластични шишиња и лименки а како наближувавме до почетокот на кањонот собравме и пластични кофи па дури и браник од автомобил.

Сега можеме да кажеме дека кањонот Камник го оставивме целосно чист!

Се надеваме дека идните посетители ќе бидат фер спрема природата и ќе си го соберат сопствениот отпад.

Не барајте човек за пример, бидете еден!