Дивите плажи на Охридското езеро се вистински рај за уживање, на жалост преполни се со ѓубре. 

Жално е да се гледа како луѓето го прифаќаат расфрлениот отпад како нормално секојдневие и не превземаат ништо околу негово расчистување..

Навидум личи како да не можеш да помогнеш околу тоа а сѐ што ти треба за да исчистиш мини депонија е: една црна ќеса, желба и 10 минути работа.

Затоа ги охрабруваме сите кои што ќе одлучат да уживаат на некоја од дивите плажи во Охрид да направат една мини чистка!

Не барајте човек за пример, бидете еден!