Помина успешно и третата наша еко акција заедно со волонтерите од @vcs.skopje

Беа собрани 30 ќеси (120л) полни со најразлични видови смет, од пелени до тегли ајвар, пластични чинии, вилушки и чашки, еден куп различни пластични шишиња, амбалажи од чипсови, смоки итн…

Доколку одговорните институции наскоро не превземат нешто, оваа слика ќе биде сѐ полоша а местата за пикник преплавени со смет и ѓубре.

Ние сме секогаш желни да помогнеме во чистење на некое место, но ни треба поддршка од институциите да знаеме дека ова нема да се повтори и дека нашата работа не е залудна.

Не барајте човек за пример, бидете еден!