Во некоја шума избувнал силен пожар. Сите животни кои што живееле таму биле во паника и почнале да бегаат, да се чувствуваат безнадежно, да бараат помош… Во тој момент Колибрито решило дека ќе направи нешто за да го спаси огнот, и летнало веднаш до најблискиот поток. Колибрито го наполнило својот клун со неколку капки вода и се вратило кон пожарот за да го намали, и така повторно и повторно.

Животните останале здрвени да го гледаат Колибрито и почнале да го обесхрабруваат извикувајки: што мислиш дека правиш? Дали твоите капки вода ќе го изгаснат овој пожар? Премногу си мал! Не менуваш ништо! Ќе ти изгорат крилата… Но како што продолжиле другите животни со коментарите, Колибрито во лет им одговорило: Јас го правам најдоброто што можам!

Сите ние треба да се чувствуваме како Колибри. Можеби се чувствуваш мал и безначаен, но никако не треба да бидеш како животните кои безнадежно гледаат во пожарот.

Ние ќе бидеме Колибри во нашето општество, ќе направиме најдобро што можеме!

Не барајте човек за пример, бидете еден!