Во акцијата се вклучија 40ина луѓе, беа собрани 100тина ќеси отпад кој беше расфрлан највеќе околу летниковците на Водно.

Им благодариме на сите кои помогнаа околу расчистувањето на отпадот (собирање, селектирање, транспортирање).

Голема благодарност и до спонзорите (@redbullmakedonija @pakomak @vitaliamk dobravoda/ladna voda) кои помогнаа во реализирањето на овој настан.

Водно е далеку од целосно чисто, но ова е само првиот чекор кон таа цел!

Сите треба да се грижиме за природата и мора да се осигураме отпадот кој го создаваме да заврши на соодветно место а не на некој летниковец или во некоја грмушка!

Не барајте човек за пример, бидете еден!